(ВИДЕО) Нова снимка од напаѓачот на турскиот аеродром како бара луѓе за да ги убие

На интернет е објавена уште една снимка од безбедносните камери на аеродромот во Истанбул, во која гледаме еден од напаѓачите како со пушка во рацете бара жртви за убивање, пренесува RT.

5775217dc361889f098b457e

43 луѓе беа убиени, а преку 230 ранети во третиот најфреквентен аеродром во Европа. Тројцата напаѓачи првин пукале надвор пред терминалот за да создадат паника, потоа двајца од нив влегле во зградата и се разнеле, додека третиот активирал експлозив пред влезот.

Снимката, објавена од Il Giornale.it покажува како луѓето бегаат откако ќе слушнат пукотници од надвор. Напаѓачот влегува во зградата со пушка и бара луѓе за да ги убие, но откако нема да најде жртви од лутина ја фрла пушката, па повторно ја зема.

Според турската полиција, тројцата бомбаши се граѓани на Русија, Узбекистан и Киргистан и се поврзуваат со терористите од Исламска држава.

Коментари

Популарно