(ВИДЕО) ИГРА, ПИЕ, СЕ СОБЛЕКУВА: Како изгледа една вечер со пијана девојка

Меѓу нозете сакаше да сокрие чипс, а кога влегоа во клубот почна да краде алкохол од туѓи маси и да флертува со кого ќе стигне.

devojka

Качена на шанк, со рацете во воздух, ги намамува погледите на мажите додека нејзиното момче пука од срам и се обидува да ја симне. Така приближно изгледа само еден дел од вечерта помината со девојка која се решила да испие премногу. Нејзината егзибиција на шанкот е само мал дел од тоа што се случуваше додека нејзиното момче го снимаше целото нејзино глупирање.

Вечерта им почна весело уште дома, додека таа се подготвуваше. Одвај ја навлече тесната сукња на себе, а кога тргна по пат ќе се струполеше поради несоодветните чевли со високи потпетици. Меѓу нозете сакаше да сокрие чипс, а кога влегоа во клубот почна да краде алкохол од туѓи маси и да флертува со кого ќе стигне.

На крај вечерта им заврши така што таа мртва пијана легна во парк и почна да повраќа, а момчето само беспомошно ја гледаше и викаше по неа.

Коментари

Популарно