Нови цени на горивата - огромно поскапување на нафтата

Од полноќ о Македонија ќе важат ново утврдените цени на горивата, откако регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ги соопшти новите цени на нафтените деривати.

4768964-ceny-na-benzin-v-ukraine-snova-vyrosli

Одлуката на регулаторот доаѓа по едно неделен силен раст на суровата нафта на светските берзи. Петочното тргување, конечно го запре растот на цените спуштајќи ја цената меѓу половина и еден долар за барел. Така американската лесна нафта за испорака во септември во петокот се продаваше по цена од 48 долари за барел, додека севреноморската европска нафта од типот „брент“, која се увезува и во Македонија чинеше 50,15 долари.

Пресметките велат дека за само две недели, цената на нафтата на светските берзи се зголемила за скоро 9 долари по барел од 41,2 на 50,15 долари по буре или нешто под 24%.

За македонски услови тоа е значително повисока цена, која ако не при оваа корекција, тогаш при следната значително ќе ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати.

Коментари

Популарно