(ФOТО) Во последен момент полицаецот спаси жена која сакаше да се фрли од зграда

policaec-520x351

Минувачите во Бронкс во Њујорк сведочеле на драматична сцена од обид за самоубиство на една жена која била бесна и без облека на себе, објави Њујорк Пост. За среќа, ја спасил полицаец кој ја фатил за раката и ја повлекол назад во станот.

Жената, чиј идентитет не е познат, едно време седела на климата викајќи на англиски и шпански.

– Викаше, „Бог не сака“, потоа „Тој наскоро доаѓа“, изјавила една жена која била сведок на целиот настан.

policaec1-520x709

Според сведоците, таа викала: „Мора да ја исчистите куќата, лошите мисли и лошата енергија“.

Откако е спасена таа е пренесена во психијатриска болница.

Коментари

Популарно