Дожд и денеска, па се до...

tre-297-

Денеска е среда, 24 август 2016 година, 237-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 129 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 40 минути, а ќе зајде во 19 часот и 21 минута.

Денов трае 13 часа и 31 минута.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 23 часот и 15 минути, а ќе зајде во 12 часот и 34 минути.

Временска прогноза

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи претежно на истокот и југот од земјава. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 4.

И во четврток се уште ќе има зголемена облачност, наместа и услови за локален дожд особено во јужните делови од земјава. И понатаму ќе биде ветровито со северен ветер. Од петок се очекува времето да биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.

Коментари

Популарно