Уште денеска дожд, од утре...

utre-oblachno-so-dozhd-i-veter-vo-makedonija-184307

Денеска е четврток, 25 август 2016 година, 238-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 128 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 51 минута, а ќе зајде во 19 часот и 19 минути.

Денов трае 13 часа и 28 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, оваа ноќ нема да изгрее, а ќе зајде во 13 часот и 41 минута.

Временска прогноза

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во јужните и западните делови ќе има локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 24 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно со повеќе сончеви период и со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Од утре ќе преовладува стабилно време со постепен пораст на дневната температура која во недела ќе се движи помеѓу 27 и 32, а во понеделник помеѓу 28 и 35 Целзиусови степени.

Коментари

Популарно