Цеца ќе им помогне на настраданите од поплавите во скопско

Македонска Каменица веќе ги најави концертните настапи на балканските ѕвезди Цеца и Мирослав Илиќ. Подготовките за големиот музички спектакл веќе финишираат и се работи на последните детали околу организацијата и пречекот на посетителите.

ceca-za-ficer

Концерт на Цеца е закажан за 28-ми август, а пред неа атмосферата ќе ја загрева македонкиот Инструментал бенд. Српската пејачка на својата официјална фејсбук страна веќе потврди дека дел од хонорарот кој ќе го добие за концертот во Македонска Каменица, ќе биде дониран за жителите во поплавените подрачја во Скопје.

donacija-na-ceca

Коментари

Популарно