Исповед на таткото чија ќерка се самоубила: Поради неа станувам секое утро

По трагичната судбина на 31-годишната Тицијана Кантоне, Италијанката која си одземала животот откако нејзиното интимно видео било објавено на социјалните мрежи, Италија се потсетила на уште еден сличен случај.

311

Станува збор за 14-годишната Каролина Пичио, која извршила самоубиство во 2013 година, бидејќи дознала дека снимката од сексуалното злоставување на кое била жртва, била објавена на „Фејсбук“. Сега, откако се убила Тицијана Кантоне, се огласил и таткото на Каролина.

„Јас сум таткото на Каролина, оваа убава девојка која ми недостасува на мене и на целиот свет од онаа кобна ноќ во јануари 2013 година. Мојата ќерка имаше само 14 години, а се самоуби бидејќи сексуално ја злоставувале момчиња малку постари од неа, ја снимиле и објавиле на интернет. Се сеќавам добро на таа ноќ, бидејќи отидов по неа. Следното утро ми кажа дека не се сеќава што правела претходната вечер.

Мојата мала ѕвездичка не беше свесна за ништо. Но, по неколку дена дозна се фрли од тераса кога виде дека “2.600 лајкови, навреди и вулгарности” фрла кон неа анонимниот свет од мрежата. Но, би сакал да разговараме за оние кои се одговорни. И ја одземале свеста и малку се забавувале. Кој знае, можеби тоа за нив било сосема нормално. Уште и денес, по нивното признавање, се прашувам: дали се навистина свесни за последиците од тоа што го прават? Изразеното сочувство не е секогаш реално, па затоа веќе со месеци инсистирам да покажат длабоко каење.

Добија условни наместо затворски казни. Во ред. Доколку ја увиделе сопствената грешка, би било добро тоа да го споделат со младите во училиштата. Кога би слушнал дека искрено зборуваат за злото кое го направиле, би бил сигурен дека сфатиле. Кога губиш ќерка на ваков трагичен начин, треба да пронајдеш мотив секое утро да станеш од кревет. Јас три месеци немав сила да отворам очи. Потоа си кажав дека Каролина не смее да остане само една цртка во црната тетратка, на која се заборава по читањето. Затоа денес живеам за сите Каролини кои не ги познавам, и кои во овој момент се наоѓаат на другата страна на интернетот.

Живеам за да создадам антитела, за подобро општество. Се заложувам за закон со кој би се вовела превенција на злоставување на интернет, за кој прва се потпиша поранешната наставничка по музичко на Каролина, сенаторката Елена Ферара. Нашиот закон се однесува само на малолетници. Остваривме контакти со Твитер, Фејсбук и Гугл како и многу други, за да го олесниме отстранувањето на содржините кои им пречат на малолетниците на социјалните мрежи.

Но, некој сака да го прошири нашиот законски предлог и на полнолетни лица, па се плашам дека тоа ќе има лоши последици на достапноста на социјалните мрежи во целост. Предвидовме и протокол за постапување во случај на злоставување на интернет, како и центар за превенција, кој го осмисли професорот Лука Бернардо. Тој би вклучувал и училишта. Веќе е подготвено, а нема напредок бидејќи нема средства. Затоа на сите од кои можам да добијам помош им порачувам: Слушајте го своето срце и ценете ги напорите на еден татко кој го прави сето тоа во името на ќерката која веќе ја нема.

Ова го правам поради својата Каролина, бидејќи тоа што се случи мора да има барем некакво ехо во иднината. Нема ден да не мислам на неа, а речиси секоја вечер ми доаѓа на сон. Ја гледам и сега, тука, како пишува проштално писмо. Иако замина, засекогаш е тука. Поради неа станувам секое утро“, напишал таткото на Каролина во писмото кое го објавил весникот Corriere della Sera.

Коментари

Популарно