Хаос среде емисија: Политичари се степале, летале боксови на сите страни! (ВИДЕО)

Не е прв пат политичарите наместо со зборови, проблемот да го решат со боксови. Имено, ова се случило за време на гостувањето на еден грузиски политичар во една ТВ емисија.

Screenshot

Во Тбилиси се состанале политичарите Полад Каликов и Вепкиа Гургнишвили, а сè започнало со предупредувањето од Каликов:

- Зошто сте го викнале овој шлајм во емисија? Слушај будало, ќе ти ја искршам главата со чаша - извикувал Каликов, додека од другата страна Гургенишвили веќе станал од столчето и почнал со пцовките.

Во тој момент, ТВ водителот и персоналот од телевизијата се обиделе да го смират судирот, но политичарите биле поупорни.

Се нападнале меѓусебно и размениле неколку удари а најзабавното шоу во Грузија тогаш било прекинато.

Коментари

Популарно