Хорор во бегалски центар: Волонтерки принудувале малолетни деца на сексуални односи

Во Кале не постои официјална хуманитарна организација задолжена за помош на мигрантите, ниту се спроведува контрола над изборот на волонтери.

begalski_kamp

Волонтерите во бегалскиот камп во Кале се осомничени за сексуално злоставување на бегалци, меѓу кои и има и деца, открива „Индепендент“, кој разоткрил како во кампот кој е наречен Џунгла биле забележани случаи на сексуално насилство над бегалци од страна на волонтери.

Имено, во Кале не постои официјална хуманитарна организација задолжена за помош на мигрантите, ниту се спроведува контрола над изборот на волонтери.

Една од основачите на хуманитарната организација „Care4Calais“, Клер Мосели, рекла дека кампот не е признат како официјален бегалски камп, туку станува збор за илегална населба.

- Од таа причина не можеме да натераме некој да го напушти кампот - рекла Мосели.

Волонтери искористуваат малолетни деца

Случаите со сексуално искористување на мигранти за прв пат биле откриени преку Фејсбук групата на работниците во кампот, која има повеќе од 36.000 членови.

Еден од луѓето кој предупредил на ваквата пракса, бил подложен на неверојатно малтретирање преку интернет.

„Малолетни деца имаат секс со волонтери, а слушнав и за многу случаи на проституција. Постојат и приказни за волонтери кои секој ден имаат односи со неколку мигранти", напишал еден од членовите на групата.

Мигрантите зависат од помошта на волонтерите.

38B0C6FC00000578-0-image-a-1_1474555493303

Додал дека бегалците се наоѓаат во подредена позиција, во која нивниот живот зависи од помошта на волонтерите. Навел и дека во повеќето случаи станува збор за волонтерки кои сексуално искористуваат мигранти во кампот.

Поради ова, УНХЦР апелирал овие обвиненија да се истражат.

Коментари

Популарно