Дали денеска ќе врне?

hitportal-esen3

Денеска е среда, 5 октомври 2016 година, 279-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 87 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 34 минути, а ќе зајде во 18 часот и 9 минути.

Денов трае 11 часа и 35 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 10 часот и 29 минути, а ќе зајде во 20 часот и 51 минута.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално е можна изолирана појава на слаб дожд, особено во западните делови на земјава.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, во источните делови, каде наместа наместа ќе достигнува околу 60 км/час.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 13 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и свежо за овој период. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Температурата ќе се движи од четири до 15 степени.

В петок ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот и преку ноќта се очекува да бидат обилни.

Коментари

Популарно