(ВИДЕО/ФОТО) Пеколен меден месец на Бахамите: Одвај ја преживеале првата брачна ноќ - Метју го разнесол нивниот хотел!

dejv-amanda-meden-mesec-pekol-01

Брачниот пар, Дејв и Аманда Џенкинс, сакале својот меден месец да го минат токму на Бахамите, но не можеле ни да замислат што ќе ги чека таму.

Наместо романтичен меден месец, на овој рајски остров нивната прва брачна ноќ била вистински пекол.

Разорниот ураган "Метју", кој ги погодил САД, брачниот пар Џенкинс го дочекал во луксузното одморалиште "Riu Palace Paradise Island", пишува Daily mail.

Како се ближел најсилниот удар на ураганот, сите гости морале итно да се евакуираат од своите соби на безбедно место. Глетката која младенците ја затекнале кога се вратиле во својот апартман ја забележале со камера.

Надворешниот ѕид од собата буквално исчезнал под ударот на ветерот, кој дувал со брзина од 230 километри на час. Завесите, чаршавите и работите кои не успеале да ги изнесат, летале низ собата.

CuKWTu2WgAAVWld

Преплашените жители на Бахамите велат дека никогаш не доживеале нешто слично. Причинета била голема материјална штета. И покрај силниот удар, на Бахамите немало жртви, за разлика од Хаити каде ураганот Метју однел повеќе од 300 животи.

dejv-amanda-meden-mesec-pekol-02

Коментари

Популарно