Утрово дожд, попладне...

dozd-esen

Денеска е среда, 12 октомври 2016 година, 286-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 80 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 42 минути, а ќе зајде во 17 часот и 57 минути.

Денов трае 11 часа и 15 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 15 часот и 56 минути, а ќе зајде во 2 часот и 2 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, oсобено предпладне и во средината на денот. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во западните делови повремено засилен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје утре ќе биде променливо облачно, со повремен дожд, Попладне врнежите ќе престанат. Преку денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од 11 до 18 степени.

Во четврток и во петок облачноста ќе се намалува и ќе преовладува стабилно, претежно сончево време, но со пониски утрински температури. Нови врнежи од дожд се очекуваат за викендот, особеново во недела.

Коментари

Популарно