Џоли е бесна – Бред бара совети од татко и

Никој не би сакал во моментот да е во кожата на Анџелина Џоли. Освен тоа што федералните агенти ги распрашуваат децата за инцидентот, кој што се случи во приватниот авион, и нејзиниот татко, Џон Војт, не и ја олеснува работата со тоа што наместо да застане на нејзина страна, се здружува со Бред.

BRITAIN-US-CONFLICT-RAPE-SUMMIT

Како што дознава порталот TMZ, ФБИ агентите поминале 3 часа заедно со децата, за да ги откријат фактите околу наводниот напад кој Бред го направил врз синот Медокс. Тие сакаат да го дознаат секој детал од приказната, како и каде точно во воздушниот простор се наоѓал авионот кога се случил инцидентот.

Од друга страна, Анџелина се чувствува притисната и од својот татко, кој според US Weekly магазинот, сега му е главен советник на Бред.

-Таа му е мошне бесна на својот татко. Многу е лута, што тој зборува со Бред, открива интерен извор и додава дека Анцелина зборува со Војт, но не му открива премногу детали за себе, затоа што едноставно не му верува.

Актерката долг период воопшто не комуницираше со нејзиниот татко, па сега зближувањето на Бред со Џон, го толкува како своевидно предавство.

Коментари

Популарно