Ријана бесна на Тејлор Свифт поради Дрејк

Не може да помине ден а да не избие некоја караница помеѓу славните. Едноставно е - премногу ги има! Секоја година десетици нови ѕвезди им се придружуваат на славните, а старите (и претерано старите) немаат никаква намера да си одат.

Последната информација која излезе во јавноста е дека Ријана збеснала кога дознала дека најновата љубовна мета на Тејлор Свифт најверојатно е нејзиното бившо момче, пејачот Дрејк.

taylor-swift-drake

Свифт му била гостинка на Дрејк по повод прославата на неговиот 30-ти роденден, а се појавила со своето друштво облечена во можеби најсекси издание досега, во кратко и тесно кожено здолниште и црна трака преку градите.

gcgcch

26-годишната Свифт наводно цела вечер не се одвоила од Дрејк, а Ријана има зошто да се плаши затоа што Тејлор е позната по многубројните врски со славни личности, а и нејзиното бившо момче, диџејот Калвин Харис вели дека "Тејлор воопшто не е толку фина како што се претставува".

taylor-swift-arrives-drake-s-birthday-party-los-angeles-10-23-20161

Дали ова ќе се развие во нова драма, останува да видиме. :)

Коментари

Популарно