Вондредна прогноза на УХМР: Температурите паѓаат под 10 степени, доаѓа снегот

Денес од попладневните часови, претежно на север и исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Слаб повремен дожд ќе има и во четврток, а од попладневните часови и преку ноќта кон петок врнежите повремено ќе бидат поинтензивни.

24c8nc9

Попладне ќе започне да дува северен ветер кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите за десетина степени во однос на денешните.

Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време со утрински температури кои на некои места ќе се спуштат и под нулата.

Коментари

Популарно