ФОТО: Некогашната ЈНА се групира - Се активираа повеќе од 25.000 поранешни војници

Армијата која некогаш важеше за една од најмоќните во светот и броеше од 25.000 луѓе  повторно се активира. Некогашни војници од разни родови како пешадија, инженерија, морнарица, тенкисти, кои служеа низ касарните во поранешните југословенски републики, почнаа масовно да комуницираат меѓу себе. Војници од Скопје, Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, како и од другите градови на некогашната заедничка држава, „рапортираат“ за тоа што го прават денес и каде се наоѓаат низ Балканот и низ светот.

14947450_10208978842761331_1394219084995371502_n

Сепак, да нема забуна. Не се работи за никаков обид за заговор ниту, пак, за воен преврат. Се работи за една одлична идеја испреплетена со носталгија која се реализира преку група формирана на Фејсбук - „Пронаџи другове из бивше ЈНА“. Целта на групата е другарите што некогаш служеле под исто знаме и за иста земја, повторно да се најдат едни со други и да разменат фотографии и спомени за времето што го поминале заедно низ југословенските касарни и караули.

Групата е формирана во јуни 2014 година, а до денес има повеќе од 25.000 члена. Тоа се некогашни војници од тоа што се викаше Југословенска народна армија, а кои денес се раштркани низ новите државни, некогашни републики во СФРЈ, како и низ сите страни во светот.

Коментари

Популарно