Дожд и громотевици денеска, но најголемото невреме ни доаѓа во...

dalmacija-nevreme-bura-gromotevici-grad-poroen-dozd-3

Денеска е понеделник, 7 ноември 2016 година, 312-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 54 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 13 минути, а ќе зајде во 16 часот и 21 минута.

Денов трае 10 часа и 8 минути.

Месечината ќе изгрее во 12 часот и 14 минути, а ќе зајде во 22 часот и 46 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и во вечерните часови во западните и северните делови со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со температура до 19 степени.

До четвтрок времето се очекува да биде променливо облачно и ветровито со врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во среда се очекуваат обилни врнежи од дожд особено во западните, а попладнето и во источните делови. Во четврток на планините врнежите ќе бидат од снег.

Коментари

Популарно