Пороен дожд и услови за поплави

405783-popladne-nevreme-so-poroen-dozhd-grmezhi-i-veter

Денеска е среда, 9 ноември 2016 година, 314-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 52 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 15 минути, а ќе зајде во 16 часот и 19 минути.

Денов трае 10 часа и 4 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 13 часот и 28 и нема да зајде ова деноноќие.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 11 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 11 до 16 степени.

В четврток врмнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на планините ќе поминуваат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.

Коментари

Популарно