(ВИДЕО/ФОТО) Полицијата во Србија гонеше дилери како на филм

racija

Дилерите се надеваа на голема заработка, но паднаа многу брзо и жестоко.

racija_2

Полицијата од Ниш во ефикасна акција успеала да заплени повеќе од 64 килограми марихуана и да го уапси А.С. (43) од Ниш, под сомневање за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

racija_3

Полициски автомобил го следеше темното комби и во еден момент, сосема неочекувано, „момците во сино“ излегоа надвор, го опколија возилото и го уапсија осомничениот.

Полицијата се сомнева дека А.С. дрогата ја набавувал од Косово со цел да ја препродава.

При претресот на неговата куќа, српската полиција пронашла 61 пакет со марихуана, со вкупна тежина од 64,4 килограми.

Во продолжение, погледнете снимка од полициската акција.

Коментари

Популарно