СРБИЈА ГИ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ: Најдени пестициди во детските каши и сокови „јувитана“

Како опасни за здравјето на децата се наведени и соковите „јувитана јаболко и банана“, „јувитана слива“ и „јувитана праска и јаболко“, со трајност до декември 2017 и февруари 2018 година.

juvitana

Компанијата „Свислајон-Таково“ повлекува дел од своите производи за деца „јувитана“ поради зголеменото ниво на пестициди.

Како што јави Танјуг, повикувајќи се на соопштение на српското министерство за здравство, постои основано сомнение дека одредени сокови и кашички „јувитана“ се небезбедни за употреба. Станува збор за кашичката „јувитана крушка“ со рок на траење до 25 јануари 2019, потоа „јувитана јаболко и крушка“ со трајност до 26 јануари 2019, „јувитана кајсија и крушка“ - 3 март 2019 и „јувитана банана и јаболко“ - 21 јули 2019.

Како опасни за здравјето на децата се наведени и соковите „јувитана јаболко и банана“, „јувитана слива“ и „јувитана праска и јаболко“, со трајност до декември 2017 и февруари 2018 година.

Производителот презеде мерки за отстранување на тие производи од продажба.

Коментари

Популарно