16 работи што Македонците ги очекуваат од Трамп

Трамп има голема фан база во Македонија, што е неспорно. Ако не станеше Трамп претседател на САД сигурно ќе победеше ако се кандидираше за градоначалник на Велес или ќе му дадевме некоја функција по желба. Таа фан база си има и свои очекувања од Трамп. Еве што Македонците очекуваат од Тамп.

untitled89

1. Да го врати Солун!

2. Да го врати ајверот на народот

3. И да им го земе на словенците името ајвар затоа што ајварот е македонски

4. Да не прими во НАТО

5. Да не нѐ прими во НАТО, затоа што не сакаме во НАТО

6. Да го врати и Трст. Добро не мора Трст ама да ги признае границите до Индија

7. Да изгради Трамп хотел во Отешево (и да не го пропадне ко сите други бизниси)

8. Да му ја скине казната на Диме Спасов

9. „Да им каже на Грците два збора: Во Грција нема Грци“ – реален коментар на јавувачка на утринска емисија!!!

10. Да го признае неговото македонско потекло и дека неговите корени се од едно паланечко село, за кое нема да откриеме кое е, нека си каже сам како што ќе им каже на Грците два збора!

11. Да му помогне на Влатко Ѓорчев да дипломира

12. Да изгради ѕид на северната граница на Македонија за да се спречи приливот на нелегални мигранти од Германија, Шведска и Норвешка

13. Да ја реши канализацијата во Стајковци

14. Да ја признае победата на Гиш над Владо Јаневски затоа што „Самовилска свадба“ беше реален победник

15. Да ја признае вистинате дека само Македонија е постара од сонцето!

16. Да го врати старото знаме

Коментари

Популарно