ВИДЕО: ПОЛИТИЧАР СЕ ШВЕРЦУВАШЕ ВО ТРАМВАЈ – Патниците го нападнаа

Голема популарност во изминатите месец дена стекна хрватскиот политичар Иван Пернар, кој во моментот ја извршува функцијата претставник на парламентот, а по небројните критики на сметка на таканаречената масонска елита која го обвинува за пропастот на Хрватска.

1-620x350

Неговата популарност константно растеше, бидејќи упатуваше жестоки критики кон HDZ и лошите закони во Хрватска и лошиот монетарен систем, а особено контроверзни биле неговите обвинувања дека банките ја уништуваат Хрватска и дека на тоа влијае голема светска завера.

Но, дека не е се така бајковито во животот на Иван Пернар, и дека неговата популарност може и тоа како да го чини покажа во претходните неколку дена, кога речиси се одрече од политичкиот блок Жив ѕид со помош на кој Пернар стигна до мандатот, поради една изјава за медиумите, а во врска со воената акција „Бура“. За негова несреќа во медиумите се продолжи и денеска со истата, а „прочуре“ и едно видео во кое граѓаните на Загреб го нападнаа Пернар во трамвај.

Како што пренесува хрватскиот РТЛ, Пернар во саботата се возел со ZET трамвај, поради што во ова возило на јавниот градски превоз владееше вистинско шоу, наводно, затоа што Пернар немал карта за превоз. Сето тоа предизвика бура на реакции кај неговите сопатници, кои се расправаа со овој политичар, а еден патник сето тоа уредно го сними.

Коментари

Популарно