Пронајди ги другарите од ЈНА: Фотографии од војска, погледнете дали ве има и вас!

Секој маж кој служел воен рок знае дека пријателствата стекнати таму се нешто посбно За тоа  сведочи и новотворената група на Фејсбук „Пронајди ги другарите од ЈНА“ во која различните генерации одслужени војници пробуваат повторно да стапат во контакт по 25 години од распадот на Југославија!

15179163_1772108413035946_2211466974127815066_n

Иако позади себе одамна ги оставиле неудобните униформи, кондури, оружје и командите од надредените, многу Албанци, Македонци, Хрвати, Црногорци, Словенци, Срби и Босанци истрајни се и сакаат да ги обноват пријателствата започнати во касарните низ целата Југославија.

Групата обилува со стари фотографии, наводи во кои касарни, класи, родови служеле воен рок, имиња и презимиња од оние, иако повеќе не делат иста држава, се сеќаваат на заедничките дружења, задолжувања и обуки поради кои од светот на децата влегле во светот на мажите.

Во рамките на групата, многу успеале во мисијата да соберат приказни и новости од касарната, но и да се потсетат на една убава земја и залудноста на војната.

Коментари

Популарно