(ФОТО) „ФАТЕНИ НА ДЕЛО“: Каролина Гочева повеќе не го крие момчето

Каролина со Михаил е скоро една година во љубовна врска, а досега двајцата се имаат појавено на повеќе јавни настани.

Една од нашите најпознати пејачки - Каролина Гочева повеќе не го крие своето момче, уметникот Михаил Корубин. Неодамна парот се појави на првата роденденска забава на магазинот „Портрет“.

Каролина со Михаил е скоро една година во љубовна врска, а досега двајцата се имаат појавено на повеќе јавни настани.

Засега нема најава за свадба, но нивни заеднички пријатели за Телеграф велат дека двајцата постојано се заедно.

- Постојано патуваат, се разбира онолку колку што им дозволуваат обврските. За жал, уште нема најава за свадба, но искрено се надевам дека и тоа наскоро ќе се случи бидејќи двајцата го заслужуваат тоа - вели една нивна заедничка пријателка која сакаше да остане анонимна.

Коментари

Популарно