Нов силен земојотрес го погоди Балканот!

По извесна пауза, тлото на земјата на Блаканот повторно се тресеше. Овој пат, силен земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтер попладнево го затресе подрачјето на северозападен Балкан.

Земјотресот ја погоди Хрватска и Босна во 13:58 часот. Епицентарот бил во Јадранското море, на длабочина од 2 км и 16 км северозападно од Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што објавија тие, земјотресот бил со јачина од 5,1 степени по Рихетр.

Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека земјата добро се затресла.

-Целата зграда се тресеше. Не беше пријатно, јавуваат медиумите.

Коментари

Популарно