ВИДЕО: Неверојатно - Море исфрли 10.000 киндер јајца на плажа во Германија

На брегот на германскиот остров Лангеог, морето исфрлило десетици илјади киндер јајца.

Ова се случило само еден ден по страшната бура во таа област.

Плажата била преполна со сини, жолти и црвени пластични капсули со играчки. Многу деца и возрасни се упати на плажата и со радост ги собирале.

Сепак, за началникот на Лангеог, Уве Гарелс ова воопшто не е убава вест бидејќи според него ова се должи на тоа што пет контејнери паднале од товарен брод за време на бурата.

Според него ова е еколошко загадување и закана за животинскиот свет.

Коментари

Популарно