Денеска е Свети Стефан

Денеска на третиот ден од Божиќ светата православна црква го слави споменот на светиот архиѓакон и прво маченик Стефан.

Тој е наречен првомаченик бидејќи тој е прв што настрадал за Христовара вера.

Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.

Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим.

Денеска именден празнуваат сите кои ги носат имињата Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија...

Коментари

Популарно