Временска прогноза

Најниска температура изутрина во осум часот е измерена во Скопје, -12 степени, по што следат Струмица со -9, -8 во Скопје Петровец, -5 Тетово, -3 Пожаране, -2 Ѓуриште, Куманово, Лазарополе и Прилеп, -1 Берово и Крива Паланка, нула степени во Битола и Крушево.

Денеска претпладне во западните и северните делови од земјата се уште ќе има врнежи, кои на планините ќе бидат од снег и таму снежната покривка ќе се зголеми за нови 10 до 20 сантиметри. На пониските места врнежите ќе бидат повремено од дожд. Утре ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет.

Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен претежно североисточен ветер. Преку денот ќе има услови за појава на слаб дожд, а на повисоките делови понекаде и слаб снег. Температурата до четири степени.

Коментари

Популарно