Денеска студено со СНЕГ, но невремето доаѓа во...

Денеска е понеделник, 16 јануари 2017 година, 16-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 349 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 27 минути.

Денов трае 9 часа и 28 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 21 часот и 4 минути, а ќе зајде во 9 часот и 21 минута.

Временска прогноза

Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен источен ветер.

Дневните темпаратури од минус шест до четири степени. Во Скопје облачно со темпартура до еден степен.

Пообилни врнежи се очекуваат в среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Коментари

Популарно