5 знаци дека штотуку имал/а секс!

Иако се работи за интимна работа, постојат знаци кои ќе ве издадат дека штотуку сте имале секс или сте доживеале оргазам.

Румени образи

Сексот го забрзува крвотокот и поради тоа после водењето љубов сме црвени во лицата. Некои повеќе, некои помалку, но сите го имаме т.н. „блескав изглед“.

Среќа и радост!

Чувството на задоволство и некако чудното треперливо расположение кое ги обзема луѓето после сексот е последица на засилено лачење на хормонот на среќа. Ендорфинот прави да се чувствуваме како ништо да не може да ни го расипе денот.

Широка насмевка

Дури и на состанок на работа, на пример, тешко е да се задржи сериозен израз на лицето, доколку денот сте го почнале со оргазам. Насмевката од задоволство и среќа ќе ве краси целиот ден. Не обидувајте се да изгледате сериозно, смешкајте се кога веќе имате вистинска причина за тоа.

Материјални докази

Она што секако треба да го сокриете е изгужваната облека, размачканата шминка, отпечаток од кармин каде што не му е местото, или некоја друга чудна „дамка“. Добро проверете како сте излегле од дома или некое друго место на кое сте воделе љубов – не сакате баш се` „да ви пишува на челото“.

Одење во облаци

Оргазмот кај жените влијае и на нивното одење, верувале или не! Истражувачи од Универзитетот Луван анализирале видео снимки од жени кои одат по улица и успеале да заклучат кои од нив имаат редовни оргазми, а кои не. Жените кои често имаат сексуални односи и редовно доживуваат оргазам, имаат подолг чекор и поподвижна карлица поради подобриот проток на крв во мускулите во тој дел од телото. „Жените кои често доживуваат вагинален оргазам, ги нишаат колковите додека одат и нивниот чекор е полесен“, тврдат истражувачите.

Коментари

Популарно