ВИДЕО: Страшна снимка - 17 катна зграда се урна во живо на национална телевизија

17 катна зграда, една од најстарите високи згради во центарот на Техеран, се урна во живо на телевизија, откако пожар ги зафати горните нејзини катови.

Во зградата, која датира од 60-тите години на минатиот век, имало трговски центар и работилници за облека. Таа била евакуирана, но во неа имало пожарникари кои се бореле со пламените за време на уривањето.

Се смета дека има најмалку 30тина загинати пожарникари.

Полицијата ги блокирала улиците во областа. Во моментов не е јасен конечниот број на жртви или повредените. Од пожарникарските служби појаснија дека испратиле 10 пожарникари за справувањето со пожарот, по сигналот на кој е побаран околу осум часот утринава (по локално време).

Коментари

Популарно