(ВИДЕО) Борис Новковиќ објави на Фејсбук дека се разведува по само 5 месеци брак?!

Хрватскиот пејач Борис Новковиќ (49) објави на социјалната мрежа Фејсбук дека се разведува! Тој во описот на видеото што го сподели со фановите напишал дека на неговиот брак со 19 години помладата Инес Катиќ му дошол крајот. Борис објавил снимка од концертот во чест на починатиот Кемал Монтено, а песната „Није хтела“ ѝ ја посветил на третата сопруга.

„Сите кои предвидувавте неславен крај, уживајте во тоа и мислете дека сте во право. Не сте, а јас ќе уживам во својата искреност и секогаш и повторно ќе се дадам целиот себе за љубовта. Ако треба и четврти и петти и десетти пат! Ќе верувам во вистинската љубов, засекогаш! И нема друг коментар. Инес, благодарам!“, напишал Борис на социјалната мрежа. На крајот на статусот ѝ се заблагодарил на сопругата која не била со него на концертот. По објавата на статусот на Фејсбук многумина помислиле дека пејачот пак се разведува, а тој сè уште не понудил никаков коментар или објаснување за тоа што го напишал.

Борис во август се ожени со 29-годишната Инес Катиќ. Тие двајца се запознале девет месеци пред бракот, кога пејачот се заинтересирал за кампањата „Говорот на омраза е сериозна работа“, којашто ја иницирала Инес. Почнале да се допишуваат на социјалните мрежи, а потоа и се вљубиле.

Пред Инес Катиќ, пејачот беше пет години во брак со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ (44), и девет со новинарката Луција Матиќ. Со неа има и двајца синови, Ноа (6) и Бона (3). Вториот брак се распадна, бидејќи Борис се вљуби во сликарката Ива Вишошевиќ, со која раскина пред две години. И од Ива Борис се простил преку Фејсбук. Ѝ се заблагодарил на сè што научил од неа и напишал дека сега е време секој да тргне по својот пат.

Коментари

Популарно