Италијански ди-џеј го моли претседателот: Дозволете ми да умрам, не можам веќе да патам

Фабиано Антониани (39) бил Диџеј, патувал, возел моторцикл и уживал во животот со својата свршеница. Во 2014 година имал тешка сообраќајна несреќа. Денеска е тетраплегичар.

- Бев диџеј Фабо, а сега сакам само да умрам. Помогнете ми да излезам од овој кафез, порачал Фабиано Антониани. Фабиано бара право на еутаназија.

- Претседателе на државата, сакам да умрам, не сакам да патам, ми треба ваша помош, порачува тој во потресното видео.

Неговата желба  со тешко срце ја изговорила и неговата свршеница Валерија. Тие го молат претседателот да интервенира и законот за еутаназија да се прогласи за легитимен. Фабиано раскажал како претходно живее со „полни гради“. Работел како ДЈ, танцувал, возел моторцикл, патувал. Денеска е слеп и е тетраплегичар ( цело тело му е парализирнао).

- Вразан сум за креветот во ночите без крај, порачал Фабиано. Тој во видеото раскажал две приказни. Својот живот до 2014 година и после. Таа година имал тешка сообраќајна несреќа.

- бев момче кое уживаше во животот. Бев помалку и бунтовен, во животот направив многу, но мојата најголема страст беше музиката. Покрај мене беше и мојата свршеница Валерија која денеска ми го даде својот глас за да ви се обратам, господине претседателе јас многу тешко зборувам.

- Кога ја доживеав несреќата станав третраплегичар но веднаш не ја изгубив надежта. Се обидував дак се излекувам и испорбав разни терапии. За жал немапе резултати. Отогаш сум врзан во кревет. Не сум депресивен, но повеќе не гледам и не можам да се движам, порачал тој.

Помош ми треба 24 часа. Ништо не можам сам. Не слушам повеќе ни музика, ако ја слушнам станувам тажен.

Коментари

Популарно