ВИДЕО: Неверојатно - Оваа баба лечи лижејќи го окото со јазик

40-тина километри од Завидовиќи во Босна и Херцеговина се наоѓа една старица која лечи на свој уникатен начин.

Хава Челебиќ или позната како „нана Хава“ им помага на болните лижејќи им ги очите.

Осумдесетгодишната старица со јазикот од очите вади парчиња олово, железо, јаглен, пилевина, стакло и слично. Третманот трае кратко и чини околу 10 евра, но оние кои се неврабтоени или немаат, немора да платат.

Хава добро ќе ја измие устата со алкохол, а потоа со јазик го лиже окото, односно го бара туѓото тело. Наводно излечила над 5.000 луѓе кои доаѓале од разни страни на светот, од Америка до Русија.

Коментари

Популарно