ВИДЕО: Снимки кои покажуваат дека Трамп нема почит за Меланија

„Меланија Трамп е обичен објект во очите на нејзиниот сопруг“, велат експертите кои го анализирале говорот на телото на новиот претседател и неговото семејство во текот на инаугурацијата.

Тие будно го следеле секој чекор на новото претседателско семејство и веднаш го забележале ладниот однос меѓу Трамп и Меланија, особено во споредба со Обама и неговата сопруга Мишел, пишува весникот „Индепендент“.

„Меланија е само објект за г-дин Трамп“, вели Сузан Константин, признат експерт за говорот на телото и додава дека „во нивниот однос не гледа ниту трошка вистинска љубов“.

И покрај блиските контакти на танцот за време на инаугуративниот бал, експертот Пети Вуд вели дека нивниот танц „укажува на врска која не е во рамнотежа“.

- Доналд ја приближуваше Меланија кон себе на сексуален начин, а јасно е дека таа во текот на танцот малку се оттргнуваше од него - вели Вуд.

- За време на инаугурацијата беше интересно и тоа што откако излезе од автомобилот, Трамп наместо да ѝ помогне на својата сопруга или барем да се сврти кон неа, веднаш почна да се ракува со луѓето - истакнала Сузан Константин.

Коментари

Популарно