Трансфер бомба: ПСЖ го купува најдобриот македонски стрелец!

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова е пред потпис со францускиот гигант Пари Сен Жермен. Андонова моментно е дел од тимот на Росенгард во Шведска, но веќе некое време се најавува нејзин трансфер.

Францускиот гигант ПСЖ моментно е лидер во домашното првенство, а игра и во четвртфинаето во Лигата на шампиони против Баерн Минхен, а Андонова секако ќе биде големо засилување.

Наташа од 2015 е во Росенгард, а претходно има играно и за Турбине. Пред да замине во странство играше и за тимот на Тиквеш. Од 2008 година е во „црвено-жолтиот“ дрес, а досега во 27 меча даде 12 погодоци.

Коментари

Популарно