(ВИДЕО) Македонски кандидат поздравен со аплауз во „Ѕвездите на Гранд“

Македонскиот кандидат Бобан Цаневски од Скопје покажа како се пее во српското шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој се претстави со песните „Пјесмо моја“ од Здравко Чолиќ и „Срце није камен“ од Тоше Проески. Во текот на првата песна членовите на жирито дадоа гласови на Бобан, а сите имаа пофални зборови за него.

„Јас ваква емоција, моќ, волумен слушнав кај Тоше Проески, а сега и кај тебе. Одличен беше“, рече Јелена Карлеуша, а Марија истакна дека не сака многу да коментира, со оглед на тоа дека кандидатот отпејал прекрасно.

„Дечко, избра две претешки песни. Многу добро се снајде, емотивно, силно. Браво“, рече Ана Бекута, а таинствениот член на жирито, Иван Милинковиќ од „Легенди“, искоментира дека опасно пее и дека има одлична енергија.

„Строфите ти беа тивки, другото се беше феноменално. Така се пее во Македонија, секоја чест“, изјави Аца Лукас.

За да го видите неговиот настап премотајте на 52-та минута од видеото.

Коментари

Популарно