(ВИДЕО) За половина час заработува неколку стотици фунти: „Одам на состаноци за пари, а на моето момче тоа не му пречи“

Одењето на состаноци за Марша Фавре нема врска со љубовта. Имено, таа е „професионална спонзоруша“ на која постари, богати мажи и` плаќаат само за со нив да испие пијалок. Нејзиното долгогодишно момче немало апсолутно никаков проблем со тоа.

Марша Фавре, инаку 33 – годишна музичарка од Њујорк, од мажите досега заработила многу пари, а за еден состанок кој траел до половина час, заработувала од 100 до 250 фунти. Секако, се наоѓал повремено и подарежлив муштерија, па така во една прилика за половина час од своето време добила дури 1250 фунти, пишува „The Sun”.

Марша е во врска со Џозеф Кинг веќе 10 години. „Мислеше дека се шегувам кога му кажав што работам. Не можеше да поверува дека луѓе ми плаќаат за пијалок и вечера, па само се насмеа“, раскажала Марша.

Џозеф исто така е музичар, а е постар од Марша седум години. Тој ја поддржува во нејзината „работа“ и вели дека не се грижи дека таа ќе се вљуби во некој друг. „Искрено, не чувствувам почит кон никого кој е подготвен да ми плати за излегување. Никогаш не би можела да се вљубам така. Никогаш“, рекла таа и додала дека сепак, се обидува да се занимава со состаноците што поретко.

„Најлошиот состанок ми беше со маж кој беше неверојатно низок. Не можев да го пронајдам. Седеше на столче, а кога се симна, беше помал од мене. Беше ужасно здодевен и напорен. Најзабавниот состанок ми беше едно излегување кога дуваше ветар, па на мажот му одлета периката. Потрча по неа за да ја фати, а јас се правев дека ништо не сум видела“, открила некои детали од „работата“.

Мажите ги запознава преку страницата Whatsyourprice.com, која ги поврзува богатите мажи со убави и млади жени, а мажите сугерираат колку се подготвени да платат за состанокот. Освен договорената „сатница“, Марша често добивала и подароци како карти за концерти, пропусница за бекстејџ, авионски карти и екстра бонуси од редовните муштерии.

Таа нагласува дека сексот не доаѓа во предвид, а вели дека никогаш не и` побарале такво нешто. „Никогаш не дозволувам зближување. Најнеморалната понуда која ја имав беше од еден маж кој ме праша дали би сакала да го поминам викендот со него во Вегас. Секако, немаше шанса за тоа“, раскажала таа.

Џозеф, сепак, признал дека би сакал да се занимава со нешто друго. „Никогаш не би побарал да престане. Тоа е во ред. Нејзината работа не ни прави никакви проблеми во врската, а и добро заработува. Но, дали би ми било помило ако не го прави тоа? Секако дека би бил посреќен кога би биле богати и само би патувале и одмарале наместо да работиме, но животот е таков“, заклучил тој.

Коментари

Популарно