СКАНДАЛ во католичката црква - свештениците злоупотебувае деца!

Седум отсто од католичките свештеници во Австралија се обвинети за злоупотреба на деца меѓу 1950 и 2010 година, меѓутоа тие обвиненија никогаш не се истражени, покажаа шокантните податоци во текот на истрагата за педофилија во црквата објавени денеска.

Кралската комисија, која истражува како институциите одговараат на случаи на сексуална злоупотреба на деца. добила информации дека до црковните власти биле пријавени 4.444 наводни случаи на педофилија во неколку бискупии, што покажува дека повеќе од 15 отсто од свештениците извршиле насилство.

Австралија и издаде наредба на Кралската комисија во 2012 година по децении притисок, да се испитаат тврдењата за сексуално злоупотребување на децата ширум земјата.

– Меѓу 1950 и 2010 година вкупно седум отсто од свештениците наводно злоупотребувале деца, изјави Гаил Фурнес, водечки адвокат во истрагата во Сиднеј.

– Наведените податоци, заедно со се што сме слушнале изминатите четири години, можат да се толкуват само како голем пропуст на Католичката црква во Австралија во заштитата на децата од злоуптребувачите, се вели во соопштението.

Просечната старост на жртвите во тоа време биле 10 години за девојчињата и 11 години за момчињата.

Од 1.880 наводни сторители, 90 проценти биле мажи.

Коментари

Популарно