Атрактивната актерка Софија Вергара наполни 44 години и изгледа подобро од дупло помладите колешки. Колумбиската глумица секогаш изгледа беспрекорно, а тајната на својот изглед ја подели со жените низ светот. Софија откри дека мрази да вежба, но секој пат се принудува себеси да оди во фитнес-центар бидејќи знае дека многу брзо ќе ги забележи резултатите.
Што се однесува до исхраната, Вергара призна дека не се откажува од слатки и од брза храна, но сепак, постои една состојка што речиси секогаш ја избегнува. Тоа е солта! Нејзиниот фитнес-режим се состои од секојдневно 15-минутно одење на подвижна лента, за зацврстување на мускулите на нозете и на задникот, или 15-минутно возење тренажен велосипед. За подигнат и цврст задник, практикува чучнувања, кои воопшто не се лесни, но, како што вели, прави 25 чучнувања секој ден затоа што и’ даваат сила.