Во подрум во Чаир пронајдена муниција, бомби и гранати

На 05.02.2017 во 15:22 часот во ЕИК-Скопје пријавено е дека во подрумските простории од станбен објект во населбата Чаир, пронајдени биле две кофи полни со разна муниција, рачни бомби и минофрлачки гранати.При увидот на местото на настанот, во подрумските простории, пронајдени биле 19 гранати калибар 40 мм во реденик, 12 гранати 40 мм залепени со селотејп во картонска кутија, две рачни бомби кинеско производство, еден упаљач за рачна бомба, 25 куршуми маневарска муниција калибар 7,62 мм и 10 куршуми калибар 7.62мм боева муниција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коментари

Популарно