(ВИДЕО) СЦЕНА КОЈА ГИ ЗАШЕМЕТИ ФАНОВИТЕ: Натали Портман како од мајка родена се сонча на плажа

Последниве неколку месеци, фановите се навикнаа да ја гледаат Натали Портман со труднички стомак, но пред бременоста познатата актерка се соблече целосно гола на снимањето на француско-белгискиот филм „Планетариум“ во кој глуми заедно со ќерката на Џони Деп, Лили Роуз.

Филмот во кино-салите ќе се прикажува подоцна годинава, а неодамна беше објавен и краток исечок во кој Натали целосно гола ужива на плажа.

Во официјалната видео најава за филмот е и сцената во која Портман се капе заедно со Лили Роуз. Тие две во филмот се сестри „спиритуалисти“, кои може да комуницираат со мртвите. Инаку, дејството на филмот се одвива во Париз во 30-тите години на минатиот век.

Коментари

Популарно