НАТО: Путин праќа војска на Косово да ги брани Србите

Разузнавачките служби на НАТО дошле до информации дека претседателот на Русија, Владимир Путин има намера да прати своја војска во Србија за да им помогне во одбраната на северот на Косово доколку Албанците решат да го замемат. Планот е да се испратат 1.000 специјалци, воени инструктори, како и авиони со најобучени пилоти.

Поради овие информации Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на неодамнешната посета побара од властите во Косово да не ја вовлекуваат Алијансата во судир со Русија.

Состојбата во Косово последниот период е особено тензична отако беше урнат ѕидот во Косовска Митровица кој го разделуваше српскиот од албанскиот дел на градот.

Коментари

Популарно