ФОТО: Секоја чест - Боки 13 уште еднаш ја покажа својата хумана страна

Бојан Јовановски или попознат како Боки 13 уште еднаш докажа дека има големо и широко срце.

Тој денеска на својот Фејсбук профил објави слика на која јасно се гледа дека остварил средба со 22 годишниот Дејан Костовски кој заедно со својот неподвижен татко живееше во 9 квадратни метри без финансиски примиња.

Таткото на Дејан, веднаш по телевизиската сторија беше сместен во болничка установа, а исто така била платена и кирија за една година од страна на некоја госпоѓа за да може Дејан да замине од субстандардните услови во кои живеел.

Но, работата која му била ветена во едно претпријатие не се случила.

Затоа, Боки 13 решил работите да ги преземе во свои раце и уште еднаш да ја покаже својата хуманост на дело.

Тој извести дека од 01.03.2017 Дејан ќе биде вработен со солидни примања какви што заслужува еден паметен, работо - способен и добро воспитан дечко за да може да си обезбеди подобра иднина за себе.

Уште еднаш секоја чест за Боки 13 кој со неговите постапки стана симбол на хуманост и кој треба да биде пример на сите оние кои се во можност да помогнат на луѓето кои се во неволја.

Коментари

Популарно