(Фото+Видео) Бразил: Полцијата штрајкува, криминалците силуваат и убиваат кого стигнат

Воената полиција во Бразил штрајкува, а оа го искористија бандите кои ги интензивираа пресметките и оставија мртви тела да лежат во локви крв по улиците во градот.

Во сојузната држава Еспирито Санто, бандите наоружани со мачети и пиштоли убиваат луѓе, палат автомобили, силуваат жени, ограбуваат продавници, пукаат на секој што ќе го видат на улица.

Училиштата се затворени, а откажани се и фудбалските натпревари. Жителите велат дека не се осмелуваат да излезат надвор од своите куќи.

Градоначалникот во понеделникот ги повикал сојузните сили да им помогнат бидејќи локалната полиција е во штрајк поради неисплатени плати.

Во меѓувреме извршена е смена на шефот на полицијата и новоназначениот се обидува да воспостави ред и дисциплина.

Коментари

Популарно