Сакате да си вметнете силикони во градите? Овие работи мора да ги знаете пред операцијата!

Иако денес стана сосема нормално вештачки да ги зголемуваме градите, постојат совети кои треба внимателно да се прочитаат пред да се одлучите на операција.

Според статистичките податоци, денешните жени се почесто се одлучуваат вештачки да си ги зголемат градите. Тоа можете да го направите на два начина - со масно ткиво или силикон.

Со оглед на тоа дека станува збор за хируршка процедура, постојат работи кои треба да ги знаете пред да легнете под нож чисто за естетика.

1. Имате предност во тоа што сами можете да одберете силиконски калап, но не можете од една операција да добиете големи гради.

2. Градите, покрај со импланти, можете да ги зголемите и со масно ткиво земено од друг дел од телото.

3. Една од негативните последици е тоа што можете да го изгубите чувството за сензација во брадавиците по операцијата.

4. Ниту еден имплант никогаш нема да изгледа како вистинска реална дојка и не дозволувајте некој да ве убедува дека градите ќе ви изгледаат сосема природно. Силиконите се гледаат и од око, да не зборуваме за допир.

5. Оваа операција може да влијае врз доењето, така што доколку сакате да ги доите своите деца одлучете се на неа откако ќе родите.

6. По операцијата ќе мора да мирувате одредено време, а закрепнувањето е болно и непријатно.

7. Секој силикон има рок на траење така што вашата прва операција нема да биде и последна. Секоја четврта жена мора да ја повтори оваа постапка после неколку години.

Коментари

Популарно