(ВИДЕО) Еве како Марко Јариќ и го честита Денот на вљубените на Андријана Лима!

Поранешните сопружници, Адријана Лима и Марко Јариќ заедно го поминаа Денот на вљубените.

Поточно, на истиот датум Марко и Адријана си го рекоа судбоностното”да”, но нивниот брак по неколку години заврши.

Марко и Андријана останаа во добри односи, и не е изненадувачки, често го поминуваат времето заедно, главно со децата, ќерките Валентина и Сиена.

И овој Ден на вљубените не мина без подароци и честитки … Љубовна меѓу нив сеуште не е угасена…

Бразилската манекенка Адријана Лима на Инстаграм објави видеоклип снимен од страна на нејзиниот поранешен сопруг, бившиот кошаркар Марко Јариќ, и на тој начин ги подгреа шпекулациите дека се смириле. Имено, манекенката со ќерките Валентина и Сиена, а очигледно и со Марко, го прослави Денот на вљубените, а во видеоклипот ја гледаме постарата ќерка Валентина, која ја чита честитката за Свети Валентин, која гласи:

„Те сакам, мамо. Среќен Ден на вљубените, ти си најдобрата мајка во универзумот! Од Валентина, Сиена и Марко“, прочита Валентина, а при спомнувањето на името на Марко, манекенката го прегрнува и вели:

„Во ред, сега сте во невоља!“

❤️VALENTINA AND SIENNA❤️

A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on

Коментари

Популарно