(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) СМРТ ВО ЖИВО: Го удри мотоциклисот кој летна 10 метри и умре на лице место

На интернет се појави видео од страшен судар на мотоциклист со автомобил кој се случи на улиците во Бандунг во Индонезија, а во тој момент настрада возачот на моторот.

На снимката може да се види раскрсницата во која влегува бел автомобил и го удира мотоциклисот кој поради силината на ударот буквално лета десетина метри и паѓа во близина на дворот.

„Мотоциклистот Ирфан Тауфик (32) почина на лице место од повредите здобиени на главата во моментот на падот“, потврдија од тамошната полиција.

Несреќата се случила во понеделник, а за неа е обвинет возачот на автомобилот кој со неприлагодена брзина и покрај знакот за забрана влезе во раскрсницата и го удри возачот на моторот, пишува Трибун Јабар.

Last night accident in Bandung, Indonesia

Коментари

Популарно