ВИДЕО: СДСМ прифатиле казна и до 5.000 евра за неупотреба на Албанскиот јазик

Во емисија „Патот кон“ на Алсат-М телевизија гласноговорникот на ДУИ, Бујар Османи, откри делови од договорот за употреба на јазиците што постигнаа ДУИ и СДСМ.

–Овој закон е за употреба и заштита на албанскиот јазик. Тука многу јасно се предвидени механизмите за набљудување на употребата на албанскиот јазик и казнувањето на евентуалното неупотребување на албанскиот јазик. Со прецизни казни се предвидуваат три до пет илјади евра за институцијата, 30% за физичкото лице на таа институција. Дефинирани се сите компетенции на тој инспекторат, но и на агенцијата која ќе го направи стандаризирањето и одбраната, рече Османи.

На прашањето дали албанскиот јазик ќе биде официјален на банкнотите, Османи рече:

–Како член 8 од овој закон, и банкнотите и монетите ќе бидат на албански…

Коментари

Популарно